За состанок со атрактивната тенисерка ќе плати 85.000 долари

Атрактивната тенисер Ежени Бушар пред извесно време започна хуманитарна акција нудејќи се за состанок со оној кој ќе понуди најмногу пари. На овој примамлив начин Бушар успеа да привлече голем број на нејзини фанови, почетната сума на аукцијата беше 2.500 долари, но еден фан издвои мало богатство за дружба со убавата тенисерка.

Затресканиот фан ќе плати 85.000 долари за состанок со Бушар, а сите средства ќе завршат во добротворни цели. Покрај состанокот, победникот на оваа аукција ќе може да избере турнир на кој ќе патува со Бушар, а таа ќе ги плати сите трошоци. Воедно победникот ќе може да седи со нејзиниот тим за време на мечевите, додека како награда го очекуваат потпишани патики и рекет.

- Оглас -

Најнови вести