Тренерот на Интер, Лучано Спалети, знае дека неговиот тим вечерва мора да го победи Емполи за да се најде во групната фаза од Лигата на шампионите и мечот го окарактетизира како „тетоважа“. Според Спалети, дуели како овој не може да се заборават цел живот.
„Кога ќе дојдете во ваква ситуација, играте на живот или смрт. Кога водите голем клуб, има вакви натпревари кои се како некое финале. Чувствувам дека Интер созреа во последно време. Ја разбирам напнатоста кај навивачите. Мора да останеме фокусирани на Емполи и да ги освоиме три бода. Треба да веруваме во себе. Резултатите се паметат, тетовирани се во вашата кожа до крајот на кариерата. И тренерите и играчите ќе го носат резултатот во своите мисли и биографии до крајот на животот“ – вели Спалети.
Спалети потврди дека Матео Политано и Стефан Де Врај се здрави и може да играат, но не кажа со каков состав ќе го почне мечот.