За спектакуларна добивка вреди да се чекаат голови и во 1.30 по полноќ (Фото)

Во Sport Life во скопски Бутел вчера е уплатен тикет кој испадна добитен и има бруто-добивка од 116.016 денари, а со минимална уплата само од 20 денари.

На овој играч му се исплатеше тактиката и ги погоди сите осум фудбалски мечеви за кои типуваше дека ќе има 2+ голови во прво полувреме и 4+ погодоци на крајот.

Мечот кој почна последен, се играше на полноќ, и тоа во Боливија. Откако излегоа првите седум меча, за добивка се чекаше Насионал Потоси – Хорхе Вилстерман. Таму веќе во 21-вата минута беше 2-0 и потребни беа уште два гола, а тие паднаа само по пет минути од второто полувреме.

На овој меч домашните водеа 3-0, а загубија 3-4, но за среќниот обложувач од Бутел конечниот резултат не беше важен, најважно беше дека паднаа четири гола и тикетот со огромна вкупна квота 5.800 му е добитен.

- Оглас -

Најнови вести