Женската кошаркарска репрезентација на Србија се најде во олимпиското полуфинале откако во драматичен меч со пресврти, подеми и падови, успеа да ја совлада Кина со 77-70.
Кинезинките имаа предност од 9 поени разлика по завршувањето на третата четвртина, но Србинките не се предаваа и последниот квартал го почнаа со серија од 11-0 за водство. Кина изедначи на 70-70 на две минути до крај, но избраничките на Марина Маљковиќ со серија од 7-0 си обезбедија полуфинале против САД. Американките беа убедливи против нивниот стар ривал Австралија.