За среќа ништо не се запали за крај – Ферстапен победи во последната трка во Формула 1

Макс Ферстапен беше најбрза на патеката на Јас Марина за Големата награда на Абу Даби за крај на сезоната во Формула 1.

Конечно имаше мирна трка во најбрзиот циркус, по неколку натпревари со многу инциденти во финишот на сезоната. Втор заврши Ботас, а шампионот Луис Хамилтон, кој ја потврди 7-та титула е третиот пилот на подиумот.

Британецот се израмни со Михаел Шумахер на врвот на вечната листа со возачи со најмногу титули.

Во топ-10 денеска во Абу Даби успеаја да се пробијат и Албон, Норис, Саинц, Рикардо, Гасли, Окон и Строл.

Во Генерален пласман најдобар беше Хамилтон, пред Ботас и Ферстапен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести