За суеверните: Ако некоја европска селекција биде светски првак, тоа ќе биде Португалија!

Љубителите на фудбалот низ светот ќе треба да почекаат до 18 декември за да видат која репрезентација ќе го освои Светското првенство во Катар, секој си има свој фаворит, некои компјутери пресметуваа кои селекции имаат најголеми шанси.

Има една серија која ако продолжи, Мундијалот ќе му припадне на португалскиот тим, а причината е во Кристијано Роналдо.

За што станува збор? Случајно или не, во 2010, 2014 и 2018 година, светската титула ја освојуваа репрезентации од чии редови доаѓаше најдобриот стрелец на претходното Европско првенство.

Давид Вилја беше прв стрелец на ЕП 2008, а на наредното СП во 2010 неговата Шпанија стана светски првак. Најдобар стрелец на ЕП 2012 година беше Германецот Марио Гомес, а две години подоцна Германија стана светски шампион. Најмногу голови на ЕП 2016 даде Антоан Гризман, а на Мундијалот кој следуваше, титулата заврши во рацете на Франција.

Прв стрелец на ЕВРО 2020 кое се играше со една година задоцнување беше Португалецот Кристијано Роналдо. Дали ова значи дека им дојде редот на Португалците или оваа серија ќе биде прекината?

- Оглас -

Најнови вести