Трпението му донесе среќа и огромна финансиска добивка на еден обложувач кој минатиот вторник во објект на Sport Life во Гевгелија уплатил 100 денари на тикет со 23 пара.
На тикетот се мечеви од европските купови и топ 5 лигите во Европа и речиси на сите, освен еден, прогнозирана е победа на домашните. За среќа на овој играч, кецовите и едната двојка излегоа секаде каде што тој сакаше, последна се чекаше синоќешната победа на Аталанта над Салернитана. Тимот од Бергамо славеше со 4-1 откако по првото полувреме гостите водеа со 1-0.
Тикетот има бруто-добивка од 744.421 денари, а исплатата е над 500 илјади денари затоа што едниот меч на тикетот (Борнмут – Лутон) беше прекинат, па за тој меч квотата која се пресметува е 1.00. Ако победеше Борнмут, добивката ќе беше уште поголема, но дуелот беше прекинат при резултат 1-1 и прашање е дали домашните ќе славеа, па имаше ризик тикетот да биде недобитен.