За три часа продадени над 40.000 билети за тениски спектакл во Мексико

Роџер Федерер на 23 ноември ќе одигра демонстративен меч против Александр Зверев во Мексико сити како дел од турнејата низ Средна и Јужна Америка. Еуфоријата околу настанот е невидена. Само за три часа продадени се сите 41 илјада билети за демонстративниот дуел на двајцата топ-тенисери.

Арената на која ќе се игра натпреварот изгледа феноменална и многу необично за тениски прилики. На трибините собира 41.200 луѓе, организаторите велат дека „ќе нема игла каде да падне“.

Освен мечот на Федерер и Зверев, како предигра ќе има и еден меч во двојки на кој Мексиканците Гонзалес и Рејес Варела ќе играат со браќата Брајан од САД. Тие што сакаа во живо да го гледаат првото појавување на Федерер на терен во Мексико, платија билети за кои цените се движеа од најефтините од 23 до најскапите од 466 долари.

- Оглас -

Најнови вести