Четири интересни меча има вечерва во НБА-лигата, а интересна е понудата за доминација на домаќините, односно да слават на сите средби. За четири „кеца“ вкупниот коефициент е 17.19 Фактот дека играат на свој терен треба да биде мотив плус за Мемфис, Хјустон, Јута и Лос Анџелес клиперс да се радуваат.
Тука е и понудата за кошаркари, односно колку поени ќе постигнат оние играчи кои ќе истрчаат на теренот. Јанис Адетокумбо е единствен кој треба да ја помине границата од 30+ поени, односно да даде 33 поени за да биде во „плус“.
Зајон Вилијамсон како главен адут на Њу Орлеанс е на граница од 27.5 поени, а на иста „плус-минус“ граница е и Џа Морант, кој има обврска да го предводи тимот на Мемфис.