Генк го победи Мехелен со 3:1, во меч на кој освен четирите погодоци, ќе се памти и по една невообичаена ситуација. Домаќините, кои беа фаворити за триумф, во 35-тата минута имаа неверојатна шанса, но од три обиди не успеаја да погодат. Топката најпрво удри во стативата, потоа во гредата и на крајот во другата статива, но не заврши во мрежата на гостите.
Оваа драматична ситуација беше при резултат 1:1. За среќа на домашните навивачи, Генк даде два гола во второто полувреме и стигна до посакуваните три бода.
https://twitter.com/i/status/1307728306192736258