0.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

За уплата од едно евро ќе добиете 999, доколку Македонија стане европски првак во ракомет

Почнува ракометната грозница, а на Европското првенство ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во навистина силна група, но сите се надеваме дека можат да направат пријатно изненадување и да се пласираат во нокаут-фазата.

Имате уште еден ден добро да размислите и да се обложите кога се во прашање „долгометражните“ типови, односно кој ќе ја освои титулата, кои репрезентации ќе ја минат групата од првата фаза.

Најголем фаворит е Данска, за која се нуди коефициент 1.35 да стане европски првак, а следната селекција е Шведска, со квота 7.00. Ова доволно отсликува какви големи фаворити се Данците.

Се разбира, можете да си ја испробате среќата и со „патриотски тикет“ и за влог од едно евро ќе добиете 999 доколку Македонија направи сензација и ја освои европската ракометна круна.

 

- Оглас -

Најнови вести