За утеха ни остана само статистиката, Грузија слави три во едно (Фото)

Македонија беше подобра од Грузија во сите важни статистички категории, но сепак е поразена со 2:0 во Тбилиси и остана без шанси за првото место во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

Грузијците иако беа инфериорни на терен, покажаа дека фудбалот се игра за голови и погодуваа за разлика од избраниците на Благоја Милевски.

Македонија имаше пвеќе удари вкупно, а односот е 18:8, и во директни удари кон голот бевме подобри, 6:2, а имавме и поголем посед на топка 59 посто, наспроти 41 на Грузијците, а и изведовме повеќе корнери.

Бројките во фудбалот не се ефективни и во ваков случај, туку треба да се даваат голови, а Македонија на двата меча со главниот ривал Грузија не постигна ниту едени загуби двапати, со 0:3 во Скопје и вечерва со 2:0 во Тбилиси.

Грузијците слават три во едно, промоција во Б сегментот, во март 2024 година ќе играат во плејофот во Лигата на Нации за настап на ЕП, а и вечерва го израмнија рекордот со 10 меча по ред без пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести