Како играа одлично минаа – Македонските клубови ќе добијат 1.5 милиони евра од УЕФА

Сите македонски фудбалски клубови се елиминирани од двата клупски купови во Европа, Лигата на шампионите и Европа Лигата, а сепак заедно ќе заработат 1.52 милиони евра.

Како играа и одлично ќе минат со парите, а повеќе од половина од вкупната сума ќе оди на контото на Шкендија. И тоа најмногу како компензација, која УЕФА им ја плаќа на шампионите на сите земји кои не учествуваат директно во фазата по групи во Лигата на шампионите. Шкендија ќе инкасира вкупно 800 илјади евра за елиминацијата на стартот од квалификациите за пласман во ЛШ и за следната елиминација од натпреварите за настап во Европа Лигата.

Номе Каллју и Дуделанж беа подобри од македонскиот првак, кој наспроти големите амбиции е елиминиран од двете клупски натпреварувања во Европа, под капата на УЕФА.

Во првото квалификациско коло за учество во фазата по групи во Европа Лигата испаднаа и останатите три наши клубови, Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев и Шкупи, а ќе добијат по 240 илјади евра, што вкупно со парите на Шкендија ќе донесат 1.52 милиони евра за експресните елиминации во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести