Навивачите на Палермо се на нозе и со нетрпение го очекуваат големото финале во бараж системот за влез во Втората италијанска лига.
Розевите вечерва го играат реванш финалето против Падова на домашен терен и ќе почнат со предност од 1:0, а на југот на Италија, на Сицилија врие како во котел веќе неколку дена.
Синоќа на улиците на Палермо и пред стадионот „Ренцо Барбера“ се собраа илјадници навивачи на некогашниот прволигаш за да му дадат поддршка на тимот да го направи последниот чекор кон Серија Б, вечерва на реваншот од 21.15 часот.
Palermo fans in front of the Stadio Renzo Barbera showing support for their team yesterday evening before tonight’s 2nd leg of the Serie C promotion playoff final against Padova (9:15 pm kickoff local time) from soccer
Ќе се игра на добропознатиот стадион „Ренцо Барбера“, каде Македонија во март годинава ја надигра и победи Италија со 1:0 во полуфиналниот бараж меч за пласман на Светското првенство во Катар.