За вакво промашување треба да си „талент“ (видео)

Мечот во турскиот шампионат меѓу Јени Малатијаспорт и Аланијаспор заврши со реми од 1-1, а најголем виновник за тоа може да се каже дека е напаѓачот на домаќините, Абубакар Камара.

Фудбалерот на Фулам кој моментално настапува за тимот на Јени како позајмен играч, во моменти кога неговата екипа водеше со 1-0 и можеше да ја зголеми предноста, тој го промаши целиот празен гол.

Камара во контра-напад се најде сам со голманот на гостите, а откако лесно го претрча му остана полесната задача, да ја смести топката во голот. Но, наместо тоа, неговиот обид заврши покрај дирекот, а Камара не можеше да си поверува што направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести