Фудбалскиот клуб Вардар важи за најголем и најпопуларен во Македонија, но синоќа за мечот со Лозана фановите потфрлија, на трибините на Арената имаше многу помалку публика од тоа што требаше.
Вардарци, кои одамна не знаат за пораз и успешно ја претставуваат Македонија на меѓународна сцена, заслужија да имаат повеќе публика, особено што првпат сè во Европа по пауза од седум години и им треба „12-тиот играч“.
Според информациите кои ги објави претседателот на Вардар, Миленко Неделковски, биле продадени 3.500 билети, биле поделени 2.000 гратиси за навивачите на западната трибина, имало 1.000 гости и официјални лица, неколку стотини лица кои се „прошверцувале“, така што на трибините вкупно се собраа помеѓу 6.500 и 7.000 луѓе. Оваа бројка не е задоволителна, иако е летен период кога многу луѓе се по одмори.