Во време кога мора да се остане дома, Џејми Варди, еден од најдобрите англиски фудбалери, си пронашол интересна занимација. Голгетерот на Лестер поголем дел од денот го поминува во својот двор, каде што еден дел е претворен во бавча. На еден дел има насадено јагоди, а на другиот вади компири.
Имотот на кој Варди во моментов ужива има вредност од 2,5 милиони фунти, а во куќата има пет соби, затворен базен, сауна, тениски терен, теретана и секако фудбалски терен, каде што тој ја одржува формата. И покрај многуте активности кои може да ги прави за време на карантинот, Варди добар дел од времето посветува на градината.
На една од фотографиите кои се појавија Варди во песокот влегува со папучи кои се од марката „Гучи“ и на пазарот имаат вредност од 200 евра.