За Вејн Руни, и 60 метри не се ништо (видео)

Вејн Руни со маестрален гол од половина терен ја прекина серијата од пет меча без триумф на Ди-Си јунајтед во МЛС лигата. Домаќините ноќеска славеа со 1-0 над Орландо сити, поточно со мајсторијата на искусниот Англичанец, која беше доволна за три бода.

Во 10-тата минута од мечот, Руни предизвика делириум на „Ауди филд“ стадионот во Вашингтон, откако ја прими топката во својата половина и без размислување испрати проектил од околу 60 метри кој противничкиот голман немаше шанси да го спречи.

- Оглас -

Најнови вести