За „влакно“ избегаа 10 милиони денари во Велес, мечот кој требаше да е најсигурен не дозволи добитна квота над 5.000 во Аеродром!

Многу добитни тикети, но и ливчиња кои за малку фалеа да бидат исплатени беа одиграни викендов во Sport Life. Од оние тикети кои беа неверојатни и се бркаа огромни суми за мали уплати ќе издвоиме два.

Во Велес, тикет на кој има 50 натпревари, погодени се дури 47 и многу малку недостасуваше со вложени 150 денари, да се стигне до максималната добивка од 10 милиони денари. Сите 50 меча се од неделната понуда и се одиграни на иста тактика, а тоа е да има 2+ погодоци на натпреварот.

Дуелите кои разочараа и не беа 2+ на крајот се Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (1:0), Унион Берлин – Шалке (0:0) и Пењарол – Бостон ривер (1:0), на кој беа промашени дури три пенали.

ВТОРИОТ НАЈМАЛ КОЕФИЦИЕНТ НА ТИКЕТОТ СЕ ПОКАЖА КАКО НАЈНЕСИГУРЕН

Интересен „статива“ тикет вчера беше уплатен и во скопски Аеродром, каде што за минимални 20 вложени денари, бруто-добивката ќе изнесуваше 100.831 денари. На овој тикет погодени се 14 натпревари во различни комбинации, а единствено е промашен дуелот меѓу Унион Берлин и Шалке.

На овој дуел од Бундеслигата се очекуваше победа на домаќинот, но средбата заврши без голови, а интересно е дека овој дуел беше со најмалиот коефициент од сите 15 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести