За влакно избегна смрт, денеска ќе игра против Вардар

Нихад Мујакиќ денеска од 15 часот треба да го игра својот прв меч за Хајдук на подготовките во Анталија, а сефте во белиот дрес веројатно ќе направи против скопскиот Вардар.

Мечот треба да почне секој момент, а веста за Мујакиќ во октомври 2009 година беше дека се бори за живот. Тогаш 10-годишното момче и неговиот постар полубрат Ирхад Башалија со тешко труење од непознати причини беа пренесени во една сараевска болница.

И двајцата се бореа за живот, а се сомневаше дека труењето е од гас за домаќинство, потоа и од антифриз што го има во радијатори за греење. Во бессознание ги нашла нивната мајка и потоа следуваше вистинска драма. Сепак, приказната имаше среќен крај, а Мујакиќ, кој сега има 21 година и игра како стопер, пристигна во Анталија како засилување за Хајдук.

Претходен клуб му е белгискиот Кортријк, кој се согласи да му го позајми младиот стопер на Хајдук.

За Вардар ова е прв пријателски меч на подготовките во Анталија, а последен пат играше против Хајдук, исто така тест-меч, во Белек пред три години и тогаш хрватскиот гигант беше подобар и славеше со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести