9.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

За во баражот, Чешка игра на искуство: За селектор го промовираше 74-годишениот стратег

Чешката фудбалска федерација потврди дека Мирослав Кубек е избран за нов селектор на националната селекција. Искусниот 74-годишен Кубек доби договор на две и пол години, а ќе го наследи Иван Хашек кој беше отпуштен по поразот на Чешка на свој терен од Фарски острови во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Кубек кој е некогашен голман, бил тренер во екипите на Славија Прага и Баник Острава, а летово му заврши договорот со Викторија Плзен.

Чешка заврши на второто место во групата Л во квалификациите и сега преку доигрување во баражот ќе се обиде да биде дел од Мундијалот. Чешка во полуфиналето од баражот во Прага ќе игра против Ирска, а доколку успее да победи, во финалето на баражот на 31 март ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Македонија и Данска.

- Оглас -

Најнови вести