За време на дербито на „Етихад“, почина еден од најверните навивачи на Манчестер сити

Манчестер сити објави соопштение во кое потврди трагична вест дека еден нивен навивач починал за време на натпреварот со Манчестер јунајтед.

Пријател на покојниот објави дека станува збор за 70-годишниот Баџ кој цел живот навивал за Сити и седел на истото седиште од првиот ден на отворањето на стадионот „Етихад“, а причината за смртта е срцев удар.

Сведоци тврдат дека срцевиот удар бил непосредно пред мечот, во близина на влезот на стадионот, бидејќи за време на средбата немаше никаков прекин. Кога има вакви драматични ситуации на трибините, обично мечевите се прекинуваат додека трае укажувањето на лекарска помош. Навивачот не ни дочека да го види дербито во кое неговиот тим загуби на драматичен начин. Сигурно немаше да му биде лесно.

- Оглас -

Најнови вести