Познатиот колумбиски фудбалер и поранешен репрезентативец Хорхе Болано (46) починал како последица на срцев удар што го доживеал за време на забава во ноќен клуб.
Болано во своите најдобри фудбалски денови играше во Италија, каде што ги бранеше боите на Парма, Модена, Лече и Сампдорија. Беше дел од тимот на Парма во златното доба на клубот, а за колумбиската репрезентација забележа 36 настапи.
Поранешниот играч од средниот ред на Парма почина во Кукута, Колумбија, додека присуствуваше на роденденската забава на неговиот братучед. Тие се простија од него и ја потврдија трагичната вест од Фудбалскиот сојуз на Колумбија.
„Смртта на Хорхе Болано остава празнина во срцата на оние кои го познаваа и му се восхитуваа. Неговото наследство како фудбалер и тренер ќе остане во меморијата на колумбискиот спорт“, соопшти Колумбискиот фудбалски сојуз.
̃.
https://t.co/flxkEP5NMD pic.twitter.com/fjsf9n7688
— Selección Colombia (@FCFSeleccionCol) April 7, 2025
Болано освои трофеи во златната ера на Парма. Тој ги освои и Купот и Суперкупот на Италија, а беше и репрезентативец на Колумбија, која учествуваше на Светското првенство во Франција во 1998 година.
По пензионирањето се посвети на тренерската кариера и водеше неколку локални клубови од понизок ранг, а беше и во стручниот штаб на кадетската репрезентација на Колумбија. Покрај Купот и Суперкупот на Италија, двапати беше шампион на Колумбија со Атлетико Јуниор. Кариерата ја заврши во 2012 година во дресот на Кукута.