За време на шоуто меѓу Германија и Португалија, Барселона го претстави новиот играч

Мемфис Депај и официјално е промовиран во нов играч на Барселона. Напаѓачот доаѓа од редовите на Олимпик Лиони тоа како слободен играч. Депај е третиот играч со кој Барселона летово потпиша, а не потроши ниту едно евро за трансфери, откако претходно бесплатно на „Камп Ноу“ пристигнаа и Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.

Депај во претходните четири и пол години го носеше дресот на Олимпик Лион, каде одигра вкупно 178 меча и даде 76 погодоци. Претходно во кариерата играше и за Манчестер јунајтед, но не се снајде меѓу Црвените ѓаволи. Солиден беше кога настапуваше за ПСВ Ајндховен, но сепак минатата сеозна му беше најдобра кога во 40 средби даде 22 погодоци, а имаше и 12 асистенции.

Барселона уште минатото лето се обиде да го доведе, но од Лион не доби „зелено светло“. Сега немаше препреки за да потпише со каталонскиот гигант и во новата сезона треба да биде еден од главните во нападот.

 

- Оглас -

Најнови вести