Италијанскиот медиум „Газета дело спорт“ тврди дека УЕФА ќе покрене дисциплинска постапка против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Причината е начинот на кој Симеоне го прослави голот на Хименес во дуелот против Јувентус.
Вулгарната прослава со фаќање за препоните според италијанскиот медиум е претерана, иако „Чоло“ потоа се извини и истакна дека му дојде од срце да го направи тоа. Славењето не беше наменето за противникот, туку гестикулираше дека неговата екипа покажа храброст против Јувентус.
Доколку УЕФА се одлучи за ваков потег, многу е веројатно дека Симеоне реваншот (12-ти март) во Торино ќе го проследи од трибини, а можно е да добие повеќе од еден натпревар суспензија.
https://www.youtube.com/watch?v=Ho2H9uhi1S0