За жал расте бројката на настрадани – Грото од 182 жртви во Индонезија се деца под 17 години, само перуанската трагедија пред 58 години е покатастрофална (Видео)

Мнозинството од жртвите во индонезиската фудбалска трагедија што се случи во источната провинција Јава, на стадионот „Канјурухан Маланг“ се малолетни и немаат ниту 17 години, а бројот на починати се уште не може точно да се одреди и според одредени информации не е 127, туку најмалку 182.

https://twitter.com/FaktaSepakbola/status/1576431295537651713?s=20&t=RjkTqQZD5zytxVoiG8lWnA

Трагичниот инцидент што се случи за време на мечот меѓу Арама и Персебаја е предизвикан од нередите на трибините и на терен, пред се поради недозволената реакција на полицијата која користела солзавец за да ја смири толпата.

Најмногу настрадани има во стампедото на стадионот и на трибините, а во индонезиската трагедија има и над 200 повредени и е втората најкатастрофална во историјата на фудбалот.

Најмногу жртви на фудбалски меч имало во Перу на стадионот на „Национал“ во 1964 година, кога гостувала Аргентина, а загинаа дури 328 луѓе.

https://twitter.com/des__cribe/status/1576391427914838016?s=20&t=RjkTqQZD5zytxVoiG8lWnA

Тогаш исто така имаше стампедо на трибините и на терен, а полицијата и тогаш користела солзавец што доведе до неверојатен број на жртви и пад на дел од трибината со навивачи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести