За Жирона завршува сонот дека може да биде шампион на Шпанија

Екипата на Мајорка забележа важна победа во борбата за опстанок во шпанското првенство, откако со 1:0 на свој терен беше подобра од Жирона. Дефанзивецот Жосе Копете беше стрелец голот во 33 минута, што на крајот се покажа како и клучен за освојување на трите бода.

Жирона останува на 59 бодови, но сега има седум бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Проблем за Жирона е тоа што тимот западна во резултатска криза и во последните пет кола, освои само четири бодови.

За Жирона ова е и трет пораз по ред на гостински терен, а претходно сезонава имаше низа од 11 средби без пораз (осум победи и три нерешени).

- Оглас -

Најнови вести