Герет Бејл утре нема да истрча на теренот на гостувањето кај Реал Сосиедад. За мечот кој ќе се игра во рамките на 37-то коло во Ла Лига, Зидан го избриша Велшанецот од составот, како што го направи тоа и во претходното коло против Вилјареал.
Со овој потег сè повеќе стануваат точни шпекулациите дека Бејл нема да биде играч на Реал Мадрид следната сезона, бидејќи францускиот стратег уште сега не се потпира на неговите услуги. Многу веројатно е дека Бејл нема да игра ниту во последното коло од шпанскиот шампионат, односно во мечот против Реал Бетис кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 18-ти мај.
Дуелот Реал Сосиедад – Реал Мадрид е закажан за утре, со почеток од 18:30 часот.