Герет Бејл имаше асистенција за првиот гол на Реал Мадрид во победата против Селта во Виго со 3:1, а Зинедин Зидан комплетно го промени мислењето за велшанецот.
Непосредно пред почетокот на новата сезона тренерот на Реал Мадрид го немаше во своите планови Бејл, дури Реал Мадрид на некој начин сакаше по секоја цена да се ослободи од офанзивецот, кој за малку не потпиша за кинескиот Џиангсу Сунинг.
„Герет како и секогаш одигра борбено и добро и треба да размислува само за продолжението на сезоната. Зборев со него и пред мечот и претходно, а Бејл знае дека ќе добива шанса да игра. Тој размислува само за следните мечеви и игра фудбал“, рече Зидан.
Бејл во 12. минута му асистираше на Карим Бензема за водечкиот гол на Реал, во триумфот од 3:1 против Селта во Виго, а играше до 75. минута кога беше заменет од Иско.