Забавата продолжува со бесплатната игра – Врвни натпревари и прекрасен „ајфон 11“ со Спортска прогноза

Забавата со бесплатната игра на Sport Life и на Спорт Манија продолжува со 21. коло на Спортска прогноза, а можете да се приклучите во трката за богати награди и премијата „ајфон 11“ во секое време со вашите прогнози.

Типувањето за ова коло ќе трае до утре, до 16 часот, со почетокот на двата дуели во англиското првенство меѓу Кристал палас и Вулверхемптон и ВБА со Фулам.

Во фокусот викендов и во ова коло на популарната Тринасетка е дербито во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, што ќе се игра утре од 18.30 часот.

Топчиите се во налет, иако ќе играат без капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, а Црвените ѓаволи сега се ранети лавови по сензационалниот пораз дома од Шефилд јунајтед. Привлечен дуел и ривалство што трае и ќе биде посебен предизвик за да се приклучите на карванот учесници во бесплатната игра со многу награди што ги доделува Sport Life.

Има уште 10 натпревари од Топ-5 лигите во Европа, плус два резервни пара што се бодуваат за Генерален пласман, а веќе знаете дека со Спортска прогноза и утките се наградуваат.

За еден промашен пар на Тринаесетката, или со 12 погодоци, ќе добиете ваучер од 1.000 денари, за две утки и со погодена Единаесетка на СЛ картичката ќе ви бидат префрлени 500 денари ваучер, а, секако, целта е да се погоди максималниот број натпревари за прекрасниот „ајфон 11“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести