Националните гиганти Порто и Бенфика се во „мртва трка“ за титулата во португалското првенство. На две кола до крајот, Бенфика има два бода предност, а сега ќе гостува кај Рио Аве. Член на Рио Аве е 21-годишниот Галено.Тоа е играч на Порто, кој е даден на позајмица во Рио Аве.
Навивачите на Порто решија со закани да го стимулираат нивниот играч да одигра најдобро што знае на дуелт против Бенфика. Фановите претераа во своите закани.
„Ако успееш да помигнеш Порто да биде новиот првак, во следната сезона ќе бидеш дел од екипата. Сепак, ако не помогнеш Порто да биде првак, запален ќе бидеш фрлен во метрото“, стои во пораката од еден навивач на Порто.
Галено реши јавно да ги сподели заканите на својот Инстаграм профил.