Фудбалски меч меѓу хрватските нисколигаши Плитвице и Соколац стана светски хит поради испадот на еден навивач. На дуелот од Првата жупаниска личко-сењска лига се случи инцидент кој не е за верување.
Еден навивач на домаќините на трибината донел зоља и реши да ја испука за време на мечот. Ракетата која се користи за уништување на оклопни возила падна на теренот, но, за среќа, беше далеку од сите фудбалери и никој не беше повреден.