Забицер се спрема за трансферот во Дортмунд, ги избриша сите слики каде што е во дрес на Баерн

Марсел Забицер наскоро, до крајот на неделава, треба да потпише договор со Борусија Дортмунд која за него, на Баерн треба да му плати 20 милиони евра.

Фудбалерот на Баерн Минхен во вториот дел од минатата сезона играше како позајмен во Манчестер јунајтед, но Јунајтед веќе не смета на него, па Австриецот се враќа во Бундеслигата, но не во баварскиот гигант или во Лајпциг каде се прослави, туку во нивниот конкурент Борусија.

Дека работата е сериозна, говори и дека Забицер од своите профили на социјалните мрежи, ги избришал сите фотографии на кои е во дрес на Баерн. Тој не сака да се сеќава на 17-те месеци поминати во Баерн, па на Инстаграм, после објавата од крајот на август 2021 каде се збогува со фановите на Лајпциг, следната му е со датум февруари 2023 кога беше презентиран во Манчестер како позајмен играч.

- Оглас -

Најнови вести