Забивање на Леброн Џејмс вредно 208.000 долари (Видео)

На 19 ноември 2019 година во „Стејпс центарот“ играа Лос Анџелес лејкерс и Сакраменто, а на крајот Езерџиите победија со 99:97. Тој меч остана запамтен по еден потег на Леброн Џејмс.

Првата ѕвезда на Лејкерс тргна кон кошот, пред него се појави Немања Бјелица и Србинот згреши. Леброн ѕверски ја заби топката во обрачот, а еден фоторепортер успеа да го фотографира тој момент.

Од фотографијата беше направен постер, кој беше продаден за неверојатни 208.000 долари. Тоа е најскапиот постер во историјата на кошарката.

 

- Оглас -

Најнови вести