Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија од Мега со 93:86 во 21-вото коло во АБА-лигата, но потегот на центарот на Металците, Абдул-Малик Абу, се најде во најдобрите пет потези на колото.
Абу во третата четвртина имаше спектакуларно забивање, и тоа тој потег беше четврти најдобар во колото.
На петтото место е тројката со звукот на сирената за крај на третата четвртина на кошаркарот на Партизан, Јам Мадар.
На второто и третото место се наоѓаат забивањата на Харис Делалиќ и на Брајант Крофорд од Игокеа, а најдобриот потег беше асистенцијата на бекот на Црвена ѕвезда, Факундо Кампацо, до Бен Бентил.