Забивањето на годината е во Италија, брутално го стави на „постер“ (Видео)

Кошаркарот на Венеција, Рејџон Такер го изведе можеби најдобро забивање оваа година на терените во Европа.

Тој на мечот против Бреша, го искористи подарокот од противничките кошаркари кои топката му ја дадоа директно во рацете и потоа со експлозивен скок го стави Мајкл Кобинс на „постер“.

Такер мечот постигна 17 поени на мечот кој неговиот тим го доби со 86:71.
Такер е поранешен НБА-играч, тој настапуваше за Филаделфија, Јута, Денвер и Милвоки, а пред да пристигне во Венеција, играше и во Австралија.

- Оглас -

Најнови вести