Базел убедливо со 5:2 победи на гостувањето кај Лугано во меч од 35 коло и на тој начин ја обезбеди титулата во првенството на Швајцарија. За Базел ова е 21-ва титула во домашното првенство, но прва по пауза од осум години, прекинувајќи ја доминацијата на Јанг Бојс.
Херој на Базел на вчерашниот меч, но и воопшто во текот на целата сезона е Џердан Шаќири. Искусниот 33-годишен офанзивен фудбалер постигна хет-трик на гостувањето кај Лугано и беше вистински предводник на теренот.
Шакири кој ја носи капитенската лента, сезонава е неверојатен и има дури 41 голови и асистенции, што значи дека директно учествувал во точно половина од 82-та голови што Базел ги постигна сезонава. Едноставно искуството на Шакири беше еден од клучните елементи за титулата на базел.
🇨🇭⚡️ Xherdan Shaqiri (33) hat-trick alert! 🚨
What an incredible season he’s having with Basel: 41 goal contributions in 35 matches. 🤯👏 pic.twitter.com/5W6LadqZjD
— EuroFoot (@eurofootcom) May 10, 2025
Шакири ја започна кариерата во Базел во 2009 година, а потоа три години играше во Баерн Минхен, потоа беше дел од Интер, Стоук, за да помине и три сезони во дресот на Ливерпул. Играше и за Лион и Чикаго фајр, а минатата година се врати во Базел и тоа се покажа како клучен момент за овој клуб да стигне до титулата во домашното првенство и тоа по пауза од осум години.