Заборавениот фудбалер на Ливерпул: Пет години е во клубот, а нема ниту еден настап

Андерсон Аројо е колумбиски фудбалер за кого ретко кој има слушнато. Тој во 2018 година од бразилската Форталеца се пресели на „Енфилд роуд“ откако ги воодушевил скаутите на Ливерпул со своите настапи за младинската репрезентација на Колумбија.

Сепак, 24-годишниот фудбалер сѐ уште нема ниту еден настап ниту за првата екипа, ниту за резервите на Ливерпул. Според англиските медиуми, проблем е работната дозвола во Велика Британија, па Ливерпул постојано мора да го испраќа на позајмици.

Колумбиецот досега бил на позајмица во белгискиот Гент, чешката Млада Болеслав, како и шпанските Саламанка, Мајорка, Мирандес и Алавес, а во моментов како позајмен настапува за екипата на Андора, која се натпреварува во втората шпанска лига.

Аројо има активен професионелен договор со Ливерпул, кој истекува во 2025 година, а неговата вредност во моментов на пазарот изнесува 800.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести