Докажаниот француски фудбалер Н`Голо Канте со 34 години полека влегува во послената фаза од кариерата, а сега најверојатно ќе се врати повторно да игра во Европа.
Во последните две и пол сезони Канте не играше фудбал на врвно ниво затоа што реши да биде дел од тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Можеби не беше на врвен интензитет, но Канте имаше континиутет и одигра 89 меча во кои постигна девет голови, а имаше и 10 асистенции.
Сега се најавува дека Канте кој во 2018 година беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои Светското првенство, повторно да се врати во Европа и тоа во Париз. Се очеклува тимот на ФК Париз кој летово се избори за влез во елитната француска лига сака да го доведе и Канте во своите редови.
Откако замина во АЛ-Итихад, Канте го загуби местото и во репрезентацијата на Франција. Актуелниот договор со тимот од Саудиска Арабија му истекува за помалку од една година, што значи дека Канте би добил дозвола да си замине, доколку реши да се врати во Европа.

