Заборавете на „Ел Класико“ – Во Данска се игра позвучно дерби и го нарекоа „Ел Пластико“ (Фото)

Данскиот фудбал си има свое необично фудбалско дерби, а на шега фудбалските љубители во оваа земја го нарекоа „Ел Пластико“.

Се играше денеска и Силкеборг го победи Нордсјеланд со 2:0 како гостин во дуел на двете единствени екипи во Данска што играат на терени со вештачка трева.

Победникот на „Ел Пластико“ дербито секогаш добива и пластичен пехар симболично во духот на прекарот што го има овој меч.

https://twitter.com/DanishFooty365/status/1561295686842343424?s=20&t=a7eUDzc0ReRyZm3eDSVMFQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести