Во светот на фудбалот постојат многу фамилии кои едноставно се врзани за еден клуб. Како најпознат е примерот на фамилијата Малдини со Милан. Неколку генерации на Малдини ги бранеа боите на италијанскиот гигант, но интересно е дека во Англија постои многу посилна врска на едно семејство со еден клуб.
Тоа е фамилијата на Греј со клубот Лидс. Токму Лидс пред три дена обезбеди враќање во Премиер лигата откако со убедливи 6:0 го победи Стоук. Освен славењето за враќање во елитното англиско друштво, мечот против Стоук посебно ќе го памети младиот 16-годишен Хари Греј, кој дебитираше за својот матичен клуб.
Ова деби на Греј има посебно значење. Тој е петтиот член од фамилијата Греј која има оставено историски печат во Лидс. Братот на Хари, Арчи, играше за Лидс пред да направи трансфер во Тотенхем. Неговиот татко Енди Греј исто така беше член на Лидс. Дресот на овој англиски клуб го има носено и дедото на Хари, Френк Греј, а и братот на дедото, Енди Греј, играше за Лидс.
Со дебито против Стоук, Хари Греј стана петтиот член на фамилијата Греј што заиграл за Лидс. Ова семејно наследство трае уште од 1972 година, односно повеќе од половина век.