Дерби загуби со 0:2 од Рединг на стартот од новото првенство во Чемпионшип во Англија, а домаќините делуваа како да се се уште на одмор, па им се случи и неочекуван пораз, но и бизарен кикс за клуб со таква традиција.
На стартот од второто полувреме направија измена, но заборавиоја да ја пријават кај судиите, па играчот што влезе во игра доби жолт картон.
Андре Виздом остана во соблекувалната по првото полувреме, на негово место во игра влезе Нејтан Бирн и веднаш стартуваше со жолт картон, поради пропустот на домаќините, кои не ја пријавија замената на играчите.
Веднаш потоа кај Дерби во игра влезе и најголемата ѕвезда во Чемпионшип, Вејн Руни, но тој куртули од опомена, бидејќи беше регуларно пријавен за настап од 63. минута.
Дерби, кој има амбиции да се бори за пласман во англиската Премиерлига стартуваше лошо, со пораз од 0:2 против рединг, со два гола примени во првото полувреме.