Диого Жота постигна гол за Ливерпул за израмнување на 1:1 против Њукасл во 21-вата минута, но погодокот е спорен и контроверзен.
Португалецот од втор обид го совлада Дубравка, но претходно во акцијата за израмнувачкиот гол еден играч на Њукасл лежеше на тревата и беше повреден во воздушен дуел што му претходеше на голот на Жота.
Играчите на Ливерпул ја продолжија акцијата и израмнија на 1:1. Веднаш потоа Мохамед Салах постигна и втор гол за Ливерпул, во 25-тата минута за целосен пресврт, откако гостите од Њукасл поведоа со голот на Шелви во 15-тата минута.