Забрана за Македонскиот национален симбол? Па вие немате толку обезбедување, колку што ние имаме знамиња со сонцето од Кутлеш (Фото)

Голем скандал предизвикал организаторот на Европското ракометно првенство на вчерашниот натпревар помеѓу Германија и Македонија откако обезбедувањето на влезот во салата во Берлин детално ги проверувало македонските навивачи и им ги одземало сите реквизити на кои го имало Македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш.

Голем број навивачи синоќа реагираа за ова на социјалните мрежи, а еден од најверните, кој секаде ја следи Македонија, Наце Митев, испрати порака до Германците: „Немате толку обезбедување, колку што ние имаме знамиња“.

Поранешното знаме на Македонија, но и симбол на сите Македонци во светот, е неизоставен дел од сите големи спортски натпреварувања каде што настапува Македонија, симбол кој ги обединува сите македонски навивачи, и навистина е несфатлив потегот на домаќинот да го забрани неговото истакнување на трибините во Берлин. Сепак, Македонците на различни начини се снаоѓаа и успеваа да го внесат на трибините, кои блеснаа со голем број на знамиња со 16-кракото сонце од Кутлеш.

Навивачите на ракометната репрезентација на Македонија дури и ги фотографирале одземените знамиња на влезот во „Мерцедес бенц арената“.

- Оглас -

Најнови вести