Шпанија и Мароко не успеаја да дадат гол и резултатот од 0:0 во регуларнио дел на претпоследното осминафинале во Катар значи дека ќе има продолженија.
Ова е вторпат во два дена да се игра дополнително време од двапати по 15 минути, а вчера ниту по тие половина час Хрватска и Јапонија не ја решија дилемата за четвртфинале, па дури на пенали Коцкестите се пласираа понатаму.
Вечерва израмнето беше и по 90 минути на осминафиналето меѓу Шпанија и Мароко, а немаше ни многу шанси за гол.
Во првото полувреме беше поинтересно со погодена пречка на Шпанците и подобри шанси за Мароканците, а потоа во второто полувреме се играше без преголем ризик.
Стандардно, сега се играат продолженијата, а ако нема победник и по 120 минути игра, тогаш ќе се шутираат пенали за да се знае победникот и противникот на Португалија или Швајцарија во четвртфиналето.