Зад измените на законот за игри на среќа се кријат лични интереси, ќе има масовни протести бидејќи 10.000 луѓе можат да останат на улица

Приредувачите на игри на среќа пред Собранието на Република Македонија денеска излегоа на предупредувачки протест против измените на Законот за игри на среќа зад кои се кријат лични интереси.

Луѓето кои денеска излегоа на предупредувачки протест се само мал број од оние кои би останале без егзистенција доколку се донесат законските измени.

„Нека излезат пратениците и нека ги погледнат луѓето во очи. Загрижува како пратениците носат ваков закон. Се кријат зошто носат ваков закон. Ова носи затворање на легалните приредувачи на игри на среќа. Личните апетити се поголеми од грижата за европскиот пат на Македонија”, порача Васко Илијевски од АСОМ.

Едно од барањата на протестот е да се присуствува на Комисијата за европски прашаа согласно законот, а доколку не бидат исполнети барањата, протестите ќе продолжат.

„Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, рече Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кој додаде дека доколку се донесат измените на законот за игри на среќа, државата ќе изгуби најмалку пет милиони евра во буџетот.

 

- Оглас -

Најнови вести