20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Задар се коцкаше со 19 поени позитива, на крајот сепак приреди сензација против шампионот на АБА лигата (Видео)

Задар го приреди првото големо изненадување во новата сезона во АБА-лигата и со победа од 98:96 во Белград ја нокаутира Црвена ѕвезда.

Задрани водеа и со 19 поени разлика и беа пред сигурна победа, што е сензационален исход, но актуелниот шампион на Јадранот намали само на еден поен разлика на малку повеќе од една минута до крајот на мечот.

Потоа следуваше вистинска драма, а Задар успеа да се врати на пет поени плус и на крајот да слави вредна победа.

https://twitter.com/ABA_League/status/1589673879634849793?s=20&t=B7L4qftpyl4SqXlB-dYNmQ

Ова за нив е четврта победа во шест кола, а Црвена ѕвезда, која е првак трипати по ред во АБА-лигата, го претрпе првиот пораз сезонава.

Џордано со 23 поени беше прв стрелец и кај Задар и на мечот, а го следеа неговите соиграчи Дрежњак со 22 поени и Рамљак со 20 поени.

Бентил беше најефикасен кај Црвена ѕвезда со 19 поени.

Во АБА од оваа сезона повторно игра МЗТ Скопје и со биланс од 1-5 моментно е на претпоследното место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести