Задоцнет ВАР-пенал му помогна на Меси да се изедначи со Кристијано Роналдо (Видео)

Лионел Меси стана петтиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на четири различни светски првенства.

Аргентинецот погоди од пенал против Саудиска Арабија за водство од 1-0 и им се придружи на Пеле, Уве Џелер, Мирослав Клозе и Кристијано Роналдо на листата на играчи кои погодувале на четири Мундијали.

Меси рутински го совлада голманот на Саудијците, но пеналот беше досуден со големо задоцнување, по интервенција на судиите од ВАР-собата, а главниот судија сам погледна и процени дека имало пенал за Гаучосите.

Англичаните веднаш почнаа да коментираат дека ако ова било пенал, требало да се досуди вчера и за нив, кога Мегваер бил соборен на земја во иста ваква ситуација.

- Оглас -

Најнови вести