3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Задоволство во редовите на Интер: Парма го освои „Сан Сиро“ по 11 години (Видео)

Парма чекаше цели 11 години за да победи на „Сан Сиро“, а тоа се случи во најлош можен момент за екипата на Милан. „Млекарите“ победија со 0-1 со голот на Мариано Троило во 80-тата минута, гол кој се прегледуваше повеќе од пет минути поради можен фаул во напад.

Сепак, голот беше признат, а на крајот тоа значеше и победа на Парма и значајни бодови за фаќање приклучок кон средината на табелата.

Милан со поразот сега заостанува цели 10 бода од градскиот ривал Интер на врвот од табелата во Серија А. Претходно и Наполи загуби од Аталанта, па сега актуелниот шампион на Италија има заостанување од 14 бода, па веќе се наѕира кој ќе биде новиот освојувач на Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести