Заедно играа на 107 меча, се гушкаа по секој гол, а Златан го мразел Еди!

Поранешен соиграч на Златан Ибрахимовиќ од ЛА галакси откри дека Швеѓанецот мразел четворица фудбалери, од кои едниот бил Единсон Кавани, со кого заедно одиграа 107 меча во дресот на Пари Сен Жермен.

„Ми рече дека добро се слогласувал со тренерот Блан, но не можел да го гледа Кавани во својот тим. Ми кажа дека мразел три или четири личности во кариерата, а Кавани бил еден од нив. Ако сте блиски со Кавани, на Ибра тоа не му се допаѓало, ги сметал за непријатели. Или сте со мене или сте против мене“, раскажува Французинот Микаел Сијани.

Кавани за ПСЖ даде повеќе голови од Ибрахимовиќ и можеби затоа не го трпел Уругваецот, но Швеѓанецот одигра и значително помалку мечеви за Светците отколку Кавани. Заедно играа од 2014 до 2016 година, освоија три титули во Франција. Тогаш Златан си замина, Кавани остана, а следната година ПСЖ го купи Нејмар, кој исто така не беше во добри односи со Кавани.

- Оглас -

Најнови вести